Oткако изби епидемијата на коронавирус, работата на Aнестезиологот во болница во Вулонгонг, Тања Селак, која подразбира исклучително близок контакт со пациентите, станала многу опасна.
Во тешки случаи на ковид-19, кога пациентот не мое сам да диши, таа го интубира, а воведувањето цевки за дишење низ уста до белите дробови му овозможува на вирусот да дојде во воздухот. Додека анестезиологотг се доближува до пациентот, од устата на пациентот постои ризик да излезе вирусот преку кашлица.
Д-р Селак носи маска и заштитна облека, но и покрај тоа понекогаш е во многу близок контакт со пациентите.
„Понекогаш мора да ја тргнеме маската за време на процедурата, ставаме инструменти во устата на пациентите, а лицата ни се многу блиску. Тоа е против правилата за социјално дистанцирање“, вели Селак.
Поради тоа применува превентивни мерки и надвор од пропишаната заштита. Телефонот и најосновните работи ги држи во ќесе со зип затворач, повеќе не носи чанта кога оди на работа. Откако трае епидемијата, нејзините три деца не смеат да ја прегрнат кога ќе дојде дома.
Знаат дека мораат да почекаат да ја соблече униформата за да ја испере од останата облека и да ги стави чевлите во ќесе за повторно да ги облече кога ќе оди на работа. На крајот оди да се истушира.
„Постојано имам на ум едноставни работи кои сум ги слушнала од докторите задолжени за јавното здравје – социјално дистанцирање, миење раце, секако внимавам да не го допирам лицето“, истакнува таа.
Извор: Блиц.рс