Социјалното дистанцирање во Америка би можело да трае до 2022 година, тврдат научници од универзитетот Харвард.
“Социјалното дистанцирање ќе мора да потрае, освен ако не се зголемат болничките капацитети или не се најде вакцина. Дури и ако бројот на пациенти драстично се намали, укинувањето на ограничувањата ќе овозможи коронавирусот да се врати со голема брзина. Дистанцирањето е најсилното оружје против овој вирус и доколку е потребно, ќе треба да биде во сила уште неколку години. Нема да има враќање во нормала додека не се најде вакцина за коронавирусот, а за тоа ќе треба да се чека уште 12 до 18 месец, тврди професорот Марк Липсич.
Според нив, топлото време нема да го прекине ширењето на вирусот. Тоа е така затоа што при нормална настинка, голем дел од населението вообичаено се разболува и развива имунитет до пролетта. Во случајот со Ковид-19, поголемиот дел од населението ќе остане ранлив, па ќе овозможи ширење и во летните месеци.
„Сезонското намалување постои, но флуктуацијата не е доволна за тој да исчезне во текот на летото без интервенција“, вели Марк Липсич.
Тие сметаат дека карантинот ќе треба делумно да продолжи додека не се утврди дека луѓето кои закрепнале од оваа болест развиле имунитет за што засега нема докази.
Студијата покажува и дека продолжувањето на социјалното дистанцирање најверојатно ќе има негативно влијание на економијата, социјалниот живот и образованието.
Се предупредува дури и во случај на очигледни елиминации на коронавирусот во сила би морале да останат мерките за надзор зашто нов бран на ширење на смртоносниот вирус би можел да се повтори во 2024 година.