Во услови на пандемијата на коронавирус кога модните недели се одложуваат, модната индустрија мораше да смисли нешто ново за да се привлече вниманието на јавноста кон нивните колекции.
Така, за прв пат во историјата насловната страница беше празна и бела, италијанското издание на Вог ја направи и првата фотосесија овој месец преку видео врска.
Имено, најубавата жена на во светот, манекенката Бела Хадид позираше во топлес.
„Времињата се сменија и работата од дома доби ново значење“, напиша Бела на Инстаграм.
Истовремено и Jacquemus ја сними првата кампања преку „FaceTime“ со заштитното лице Бела Хадид, која позира гола на некои од фотографиите.
Снимањето беше особено и за прв пат видено и затоа што Бела не ја средуваа стилисти, фризери и уметници за шминка, туку се погрижила самата за себе во својот дом.