На пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам му е ампутирана едната нога.
-Шеќерот си го направи своето, ми беше ампутирана десната нога, до колено. Се чувствувам добро сега, дома сум, моето големо семејство е покрај мене, сите се грижат за мене и ми годи нивното внимание и љубов. Не знаеме што може да ни донесе животот, затоа се вели дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место. Но, јас сум доста амбициозен човек, нема запирање. Чекам да ми заздрави раната, па потоа ќе ставам протеза – изјави Амди Бајрам за Фокус.
Амди Бајрам на политичката сцена е присутен од 1991 година и до сега бил во коалиција со сите партии на власт.