– Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. За прв пат имаме новозаболен во Кичево. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица – рече министерот Венко Филипче на денешниот прес.
Помеѓу новозаразените со коронавирус е и вработен на Детската клиника како лаборант. Поради што уште четворица вработени се ставени во изолација.
Двајцата најмали пациенти четиримесечното бебе и 2,5 годишното дете се стабилни.
Филипче рече и дека завршила постапката за набавка на респираторни машини, при што еден дел ќе стигнат во следните седум дена, а во следните 30 дена, сите 31 респиратор кои успеале да ги набават преку два оператора.