Пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска е позитивна на коронавирус – објави Инфомакс.
Таа во болницата е сместена од саботата кога нејзината состојба се влошила, но сега била подобро.
Смилеска апелираше до своите сограѓани прилепчани мерките да се почитуваат, бидејќи како што вели почитувањето на мерките не биле на задоволително ниво.
Смилеска посочува дека сака информацијата да биде споделена за што поголем број на граѓани да разберат дека станува збор за сериозна работа.