Руската федерална биомедицинска агенција направила препарат за лечење коронавирус на основа на антималарискиот лекот мефлокин, соопшти прес службата на агенцијата. Противвирусната активност на лекот мефлокин, според примерокот на Ковид-19 е докажана.
Во соопштението се прецизира дека истражувањата проценувале за антивирусното делување на овој лек.
„Докажано е дека Мефлокинот целосно го блокира развојот на цитопатското дејство на вирусот САРС-ЦоВ-2 (патоген Ковид-19), во ќелиската култура во концентрација од 2 µг/л. Оваа концентрација во плазмата се постигнува по консумирање на лекот во терапевтски дози одобрени за употреба кај луѓето“ – се наведува во соопштението.
Истражувањата се правени во Научно-производниот центар „Фармацевтска заштита“ при Федералната биомедицинска агенција во Русија, со учество на 48-от Централен научно-истражувачки институт на Министерството за одбрана.
Во соопштението се прецизира дека истражувањето го проценило антивирусното делување на лекот.