“МИ ГО ПОДАДЕ ШИШЕТО СО ВОДА БЕЗ РАКАВИЦИ“: Српската писателка откри како се заразила со коронавирус

by Тони Зографски

Српската писателка и професорка Билјана Србљановиќ во синоќешната отворена програма на една тамошна телевизија објасни како се заразила со коронавирусот.

-Јас евтино поминав, се лекував дома и се провлеков добро. Првиот пост дека сум заразена јас го објавив со голем гнев. Не ги послушав препораките на докторот Несторовиќ да го прифатам вирусот сериозно. Работам со млади луѓе и морав потоа сите нив да ги убедувам дека вирусот не е смешен и дека е многу опасен. А претходно ние мислевме дека сме отпорни на короната и дека таа не ни може ништо – вели Билјана и додава:

– Одевме за Нови Сад, требаше да се прави споменик на Зоран Ѓинѓиќ. Застанавме на една бензинска пумпа колегата и јас. Купив шише вода и му го дадов да ми го отвори. Јас имав ракавици, тој не. Го отвори со голи раце и ми го даде без капаче. После тоа тој доби висока температура. Ова го анализирав, и според мене, тоа е единствениот момент кога можев да се заразам – изјави Србљановиќ.

Таа ги објасни и симптомите на болеста.

-Првите три дена ми беа како во магла, имав само температура која се покачуваше, па се стабилизираше. Ја следев состојбата на мојот колега со кој патував за Нови Сад и кој после тоа беше 15 дена во кома. Кога него му се влошуваше состојбата, ми се покачуваше и мене температурата, но на никого не му пријавив. Психички оздравев дури кога него го симнаа од респиратор и го разбудија од кома, тогаш плачев и ми беше многу полесно – објасно Билјана Србљановиќ.

 

останати вести