Двајца починати и 49 нови заразени со коронавирус

by Тони Зографски

Регистрирани се 49 нови лица позитивни на КОВИД-19. Вкупниот број на заболени од новиот коронавирус во нашата држава веќе е 760.

Најголем дел од новозаболените се од Куманово (14), а потоа следуваат Скопје (13), Прилеп (8), Велес (6), Штип (6), Кочани (1) и Гостивар (1).

Битката со заразната болест ја изгубија две лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73г) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново-дијагностициран пациент (76г.).

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Преку ИЈЗ се направени 423, преку Ветеринарен факултет –6, Авицена –15 , Биотек –24 и Фиилп Втори (Жан Митрев) –118. Досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

останати вести