Кинескиот град Нанчанг испрати 50.000 заштитни маски како помош за Град Скопје.
-Денес, Град Скопје, од збратимениот град Нанчанг од НР Кина, во амбасадата на Република Северна Македонија, прими донација од 50.000 заштитни маски.
Благодарност до збратимениот град Нанчанг и народот на НР Кина, за помошта, дадена во овие критични моменти.
Во наредните денови, очекуваме дека оваа помош ќе стаса во Скопје и ќе биде дадена на располагање на надлежните градски и државни институции – се вели во соопштението на Град Скопје.