Најпознатата германска манекенка Клаудија Шифер за мајското издание на магазинот „Elle“ зборуваше за својата кариера која траеше дури три децении.
Клаудија откри дека живеела како рок ѕвезда, и дека дури и нејзината долна облека имала телохранители бидејќи често и ги краделе гаќичките и градниците.
-Мораа да ангажираат телохранители бидејќи често ми ги крадеа гаќичките и градниците – вели убавата Германка.
Оваа 49-годишна манекенка наведе дека била поинаква од останатите модели. Не разговарала многу со другите луѓе, па токму затоа многумина мислеле дека е арогантна, се присети таа. Исто така призна дека и при секое излегување на пистата била исклучително нервозна.
Бидејќи за неколку месеци полни 50 години, супермоделот изјави дека стареењето го смета за природен процес и дека не се плаши од тоа.
„Не мораат сите да ме нарекуваат убавица цел живот“, вели Клаудија Шифер.