Газдите на пекарница во Панчево, решиле да отворат шалтер за продажба на бурек, а кој ќе овозможува минимален контакт со муштериите. Идејата се родила на 14 март, пред прогласување на вонредната состојба со коронавирусот, кога во бурекчилницата имало огромна гужва. Тогаш веќе било евидентно дека работите во земјата ќе се влошат, па сопствениците морале да смислат начин за безбедно врачување на бурекот на нивните клиенти.
Па така, тие се сетиле да постават – бурекомат!
Бурекоматот започнал со работа на 18 март и веднаш станал вистинска сензација помеѓу луѓето. Сопствениците велат дека тоа е “првиот автомат за бурек во светот”.
– Повикавме мајстор за да ни направи шалтер. На едно место се ставаат парите и се враќа кусур, а под него постои дел каде што се доставува храната. Тоа го направивме затоа што најголемиот број од нашите муштерии се навикнати да купат бурек и да го јадат во нашата пекарница. Меѓутоа, поради ситуацијата со коронавирусот такво нешто не е возможно. Па затоа, моравме да најдеме решение како да ги задржиме муштериите, и направивме бурекомат – раскажала сопственичката на пекарницата, Светлана Радаковиќ.