Почина родилка од Охрид и нејзиното бебе

by Тони Зографски

Доцна синоќа на клиниката за Гинекологија во Скопје почина родилка од Охрид.

Претходно почина нејзиното новородено  бебе. Поради температура и компликации родилката на возраст од 34 години од охридската болница жената веднаш била испратена во Скопје. Родилката имала тешка инфекција и кога пристигнала во болница бебето и било мртво, дознава Охриднет. 

Канал 5 претходно објави дека на Клиниката  за гинекологија имало две родилки заразени с со симтоми на вирусот. Од Министерството за здравство во изминатиот период најавија дека само тешките случаи на бременост и породување ќе се извршуваат на Клиниката за гинекологија, каде меѓудругото, ќе се примаат и родилки со корона вирус.Полесните породувања ќе се изведуваат во болницата во Чаир.

 

 

 

останати вести