Со започнување на пандемијата на коронавирусот, многумина побрзаа во супермаркетите и ги наполнија своите колички за пазарење сè што може да собере во нив. Неколку недели подоцна добар дел од купената храна заврши во ѓубре поради истечениот рок на употреба.
Поранешниот британски либерално-демократски застапник Аџит Синг Атвал објавил фотографии на Твитер од канти за ѓубре, полни со фрлена храна од алчни луѓе. Векни леб, презрели банани и неотворени пакувања од намирници завршиле во кантите за ѓубре.
“До сите жители во овој прекрасен наш град Дерби, ако при паничното купување направивте залихи на храна кои не ви требаат и кои инаку не би ги купиле, добро погледнете се во огледало”, напишал Атвал покрај фотографиите.
“Треба финансиски да се казнат”, “Каква штета, неверојатно е колку оваа храна би му помогнала некому кому му е потребна, но алчност”, “Се надевам дека ќе сфатат колку се посрамотиле себеси”, се само дел од коментарите под објавата на Атвал.
Кантите за ѓубре на фотографиите не се од градот Дерби, што го признал и Атвал, велејќи дека сакал само да покаже колку е погрешно правењето на залихи.