“НЕ ГИ ТРОШИТЕ РЕСПИРАТОРИТЕ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ“: Шокантна одлука на американското здравство

by Тони Зографски

Лицата со посебни потреби во Америка нема да ги имаат истите права во лекување од коронавирус како останатите заболени.

Имено, при расподелба на респираторите во Алабама, Вашингтон и Аризона, во упатството до медицинските работници им е наложено да не ги трошат на лица со посебни потреби.

“ Лицата со ментална ретардација, напредна деменција и повредите на мозокот се слаби кандидати за респиратори“, стои меѓудругото во упатствата.

Здруженијата на лицата со посебни потреби остро ги осудија овие мерки, поднесоа жалба да американското здравство и побараа гаранција дека сите погодени од вирусот ќе добијат исто право на лекување.

Инаку, овие мерки се донесени откако по шокантниот пораст на заболени од коронавирусот во САД, а тамошниот здравствени систем е пред тотален колапс.

 

 

останати вести