Гувернерот на градот Пуебла, Мигел Барбоса тврдел дека повеќето случаи на заболени од COVID-19 во земјата се богаташи.
“Ако сте богат, ризикувате. Ако сте сиромашен, не…Ние сиромашните луѓе, сме имуни”, вели тој.
Но, водечките научници денес го критикувале Барбоса, нарекувајќи го идиот, и рекле дека неговата теорија е “неверојатно глупава”.
Особено професорот Пол Хантер, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Источна Англија, го критикувал тврдењето на Барбоса.
“Тој е идиот. Тоа е апсолутно глупаво. Нема воопшто докази за тоа што тој го зборува. Што ќе се случи, многу луѓе ќе помислат дека не треба да се грижат поради вирусот, што ќе го зголеми неговото ширење”.
Според него, сиромашните луѓе може да бидат изложени со поголем ризик, бидејќи имаат тенденција да бидат слаби и не можат да си дозволат квалитетна медицинска нега, во земјата каде нема универзален пристап.
“Во голем број случаи оваа пандемија им нанесува поголема штета на сиромашните луѓе отколку на богатите”.
Исто така предупредил дека во некои од најсиромашните земји на светот, 70 годишна возраст доживуваат само богатите, а тоа се години на зголемен ризик од коронавирус.