Денеска ќе има нова владина седница, а на неа ќе се разгледуваат мерки за забрана и посебен режим на движење, кои треба да ги предложи Комисијата за заразни болести.
Владата синоќа ја задолжи Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус ЦОВИД-19.
Според податоците тоа би требало да значи видови на забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст.
Комисијата овие предлози треба да ги достави до Владата.
Владата го задолжи МВР, МО и АРМ да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот ЦОВИД – 19.