Пејачката од Гостивар, Елти Бјондина преку својот Фејсбук привил напиша дека по тестот за коронавирус која го направила излегол позитивен.
Елти Бјондина пред неколку дена пеела во дискотека во Швајцарија каде што беше присутен и косовскиот пејач Мухамет Сејдиу кој исто така вчера излезе позитивен.
Според податоците, пејачката Елти Бјондина е во добра здравствена состојба.
Инаку, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на синоќешната прес-конференција информираше дека во нашата земја се дијагностицирани 6 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 48.
Извор: Tetovasot