Една од најубавите жени и актерки во светот и поранешна Бонд девојка, украинската глумица Олга Кириленко во неделата соопшти дека е заразена од коронавирус, но не сака да остане во болница.
Олга вели дека не сака да им го зазема местото на постарите луѓе кои се борат за живот.
„Им благодарам на сите кои ми праќаат убави желби, преполна сум со љубезност. Сакам да одговорам на прашањето кое најчесто ме прашувате а се однесува на коронавирус Зошто не сум во болница? Бидејќи болниците се полни и ги примаат само пациентите кои се борат за живот. Кажано ми е ако ми се влоши состојбата да повикам Брза помош. Каде бев тестирана? Во болница откако имав температура преку 39, а ме тестираа откако ми земаа брис од грлото. Каде се заразив со коронавирусот? Невозможно е да знам. Можеби сум ја допрела вратата на таксито и отаму да сум се заразила. Веќе неколку дена имам температура 38. Поенкогаш и 38.5 Денес се спушти“ напиша Олга Кириленко на својот Инстаграм профил.
https://www.instagram.com/p/B9zax0vhn6R/?utm_source=ig_web_button_share_sheet