Специјалистот пулмолог, д-р Срѓан Лукиќ од Белград, сподели повеќе од корисни совети што луѓето широко ги споделија во врска со третманот на заразени со корона вирусот КОВИД-19 и кои се испратени дома на лекување, бидејќи тие имаат поблаги симптоми.
– Властите ја вршат својата улога, епидемиолозите и микробиолозите ја вршат својата улога, а ние клиничките специјалисти полека се вклучуваме во процесот. Помал број тешко заболени пациенти со КОВИД-19 ќе бидат лекувани во болница, додека повеќето ќе бидат лекувани дома.
ИСХРАНА
Како и кај секоја вирусна инфекција, третманот на КОВИД-19 е најголем дел поврзан со имунолошкиот систем. Затоа е важно да ја ставиме целата своја моќ на располагање на организмот да се избори за нас. Апсолутното мирување е најважно, а покрај него и соодветната исхрана. Оставете ги диетите на страна и заборавете на „здравата исхрана“.
За да може организмот да функционира потребна му е енергија, односно јаглени хидрати на прво место, а потоа и масти. Се разбира, протеините не треба да се забораваат, но важно е да не се избегнува „храната што дебелее“ затоа што токму таа ќе го одржи вашиот имунолошки систем и целото тело на бараното ниво.
ВНЕСУВАЊЕ ТЕЧНОСТИ
Многу течности треба да се пијат за цело време на третманот бидејќи телото може лесно да дехидрира и да премине во инфекции кои ја прават состојбата дополнително комплицирана. Постојано употребувајте чаеви, супи, сокови, сеедно што од ова. Но, не алкохол, бидејќи алкохолот ја влошува состојбата со дехидрирање. Се разбира, хроничните срцеви и бубрежни пациенти мора да го прилагодат внесот на храна и се друго согласно нивните хронични заболувања.
ТЕМПЕРАТУРА
Високата температура е одбранбен механизам што го користи имунолошкиот систем за борба против вирусот. И затоа е грешка набрзина да се спушти температурата ако е само малку покачена затоа што така му помагате на вирусот. Температурата се спушта по надворешен пат и со брза постапка само кога значително е висока бидејќи со тоа се загрозува функционирањето на организмот.
Што се однесува до лековите, досега не постојат докажани лекови кои помагаат со СОВИД-19. Некои лекови покажаа ин витро (вон-тело) ефикасност против САРС-КоВ-2, но тоа не значи дека ќе функцинираат и ин виво, во телото. Ако добиете антибиотик од лекар, тоа е за да се спречи бактериска суперинфекција.
СУПЛЕМЕНТИ
Што се однесува до разни додатоци, суплементи, витамини и слично, веројатно вие веќе го имате сето тоа доволно во телото внесено преку нормална исхрана, така што различните имунолошки комплекси нема да помогнат многу (освен ако поради некоја причина имате недостаток на некој елемент), но таквите помагала за подобрен имуно систем нема ни да ви наштетат (освен на вашиот буџет).
КОНТАКТ СО ЛЕКАР
Важно е да ја следите вашата состојба, доколку е можно, преку телефонски контакт со вашиот лекар. Критични знаци и симптоми за присутност на корона вирусот во телото се почеток на тешкотии со дишењето, пад на артериски притисок, вртоглавица, несвестица, збунетост, цијаноза (синкасто обезбојување на кожата и мукозните мембрани).
Ако се појават овие знаци и симптоми, треба веднаш да се пријавите во најблиската болница, бидејќи секако ќе биде потребна терапија со кислород што не можете да ја обезбедите дома. Ова не значи дека сигурно ќе завршите на респиратор, но и за лекувањето дома треба да реши стручно лице, лекар.
И, конечно, би додал нешто што, водено од логика што не треба посебно да се спомнува, но за жал искуствено вели дека и тоа мора да се знае.
ЦИГАРИ
Цигарите во било кој вид носат штета во ваквата ситуација. Ги оштетува клетките на епителот на дишните патишта и алвеолите и со тоа им помагаат на вирусите – заклучи д-р Срѓан Лукиќ.