Министерот за здравство Венко Филипче, доцна вечерва на прес-конференција информираше дека во Македонија се дијагностицирани нови пет случаеви. Една пациентка од Скопје и 4 од Дебар се новите позитивни пациенти кои имаат коронавирус. Постојат уште два случаи од болницата Жан Митрев, и според испитувањата на приватната клиника се позитивни, но нивните резултати ќе бидат конечни утре, кога ќе бидат прегледани и на државната клиника.
Владата одлучи да ги затвори сите гранични премини освен за транзит и за дипломати , за кои МВР ќе дава дозвола доколку има посебен економски или друг интерес. Се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје освен за воени и медицински карго лекови.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров упати апел македонски граѓани ако има имаат регулиран престој во трета држава да останат таму и да не доаѓаат во Македонија, а македонските граѓани да не патуваат.
“Ќе направиме се што можеме нашите граѓани да ги вратиме дома, но ние не можеме секогаш да влијаеме врз трети држави. Време е да сѝ седиме дома“, рече Димитров.