“Денеска нема нова дијагностицирани од коронавирус, а денеска е испишана првозаболената пациентка, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.
“Во овој момент се тестираат седум лица, три од Дебар. Тие имаат симптоми на грип. Двајца се во Штип и двајца кои се на Инфективната клиника, кои патувале во Австрија и Германија, а нивните резултати ќе бидат објавени во текот на денот“, рече Филипче и информираше дека нема проблеми околу нарушување на јавниот ред и мир во Дебар.
Исто така се започнува со психолошка поддршка на неколку категории граѓани, како родители на мали деца и деца на школска возраст, како и на стари лица во изолација.
За денеска е закажана седница на Владата во 19 часот.