“ МНОГУ МИ Е ЛОШО, ЛЕКАРИТЕ НЕ МИ СЕ ЈАВУВААТ“: Хајди Клум мисли дека има коронавирус (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Германската манекенка Хајди Клум се сомнева дека е заразена со коронавирус, додавајќи дека безуспешно се обидела да се тестира кај двајца лекари, но ниеден од нив не и се јавил.

Клум во видео снимка објавена на Инстаграм вели дека се разболела на снимањето на емисијата “Јас имам талент”, во која е еден од членовите на жирито.

Таа додава и дека сакала да се тестира, но дека безуспешно контактирала двајца лекари. Се јавила од кревет и им објаснила на фановите зошто нема да се појави на снимањето на следната епизода од споменатата емисија. Рекла и дека се почнало со чувство на обична настинка.

„Чувствував дека имам температура, ми беше студено и ми течеше нос. Останав дома да не ги заразам другите луѓе. Водете сметка и останете дома ако не се чувствувате добро”, рекла манекенката.

Клум во објавата додава дека и нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулик (29), кој се вратил од турнеја, исто така чувствува дека е болен.

Хајди појаснува дека заради нивна лична, но и поради безбедноста на останатите, таа и нејзиниот сопруг одлучиле посебно да се самоизолираат,чекајќи ги резултати од тестот за коронавирус.

https://www.instagram.com/p/B9vJ3QvJy1c/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

останати вести