Пиротехничко шоу за поддршка на лекарите во Романија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Веќе два месеца цел свет се бори против коронавирусот како глобален проблем. Поддршка им е потребна на сите, а најмногу на лекарите кој секојдневно се борат за здравјето на пациентите кои лежат по болниците.

Покрај подршката со аплауз што ја добија докторите и останатиот медицинскиот персонал во Шпанија, Албанија а вчера и кај нас, во Романија поддршката беше обележана со вистинско пиротехничко шоу.

Имено, навивачката група “Ултрас“ на прволигашот Универзитеа од Крајова, Романија, поддршка на своите лекари им дадоа со запалени факели и транспаренти истакнати пред болницата.

останати вести