Општина Центар во соработка со Здружението за поддршка и развој „Хуманост” формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност и превенција од вирусот Ковид-19.
Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Центар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонскиот број 077 963 672 и да побараат помош за пазарење.
„Нашиот мобилен тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе дојде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и/или потребни лекови“, соопшти Општина Центар.