Министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју за НоваТВ вели дека масовните собири се забранети, без разлика дали се верски или било какви други собири.
„Доколку се утврди дека моловите се место каде се собираат голем број луѓе, тогаш ќе размислиме да се затворат“, рече министерот за здравство и додаде дека доколку локалите и кафеаните не ја почитуваат оваа мерка, подготвени се на порадикална мерка целосно затворање.
Инаку, Филипче ги повикал и нашите искусни доктори.
“Тоа се инфектолози, 7-8 на број, дел од нив се пензионирани изминатаве година –две. Тоа се луѓе во добра психофизичка сотојба и се волни да се приклучат на кадарот. Така, да не се плашиме во однос на кадарот, на Инфективна се направи прераспределба на кадарот, бидејќи може да се случи и медицинскиот кадар да се разболе “, рече Филипче.