Бремената пејачка Кети Пери (35) си замина од Австралија откако беше сместена од хотелот во кој престојуваа заразените од коронавирусот, глумецот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон. Таа ја скрати турнејата откако изби паника од коронавирусот.
35-годишната пејачка е видена како излегува од автомобил и оди кон сиднејскиот аеродром. Кети облекла темно-сива тренерка и сив дукс. На рацете носела ракавици, а на главата качулка и слушалки. Перницата си ја потпрала на устата, а носела и црни наочари.
Инаку, Кети Пери била 24 часа заробена во хотелот “Парк Хајат“ во Сиднеј во кој биле сместени Том Хенкс и жена му кои се сега во изолација.
Нејзиниот вереник Орландо Блум исто така поради коронавирусот го промени својот работен распоред.