Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, четворица новозаболени од коронавирус

by Тони Зографски

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека има четири нови пациенти позитивни на тестот за корона вирус.

Пациентите се од Дебар и веднаш ќе бидат пренесени на лекување на скопските клиники.

Тој додаде дека денеска на седницата Владата утврди дека ќе се воведе кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа.

Што се однесува до досегашните заболени од корона вирус, кај една пациентка има влошување на состојбата и е на граница да биде ставена на апарат за механичка вентилација.

останати вести