Министерот за здравство Венко Филипче, доцна синоќа преку социјалните мрежи информираше дека патниците од комбето на првозаболената пациентка со коронавирус, по извршените тестови, се негативни на вирусот.
– Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот. Попладнево на коронавирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.
Инаку, во моментов на Клиниката за инфективни болести фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување.