КИНЕСКИТЕ ЛЕКАРИ ГИ СИМНАА МАСКИТЕ: Коронавирусот е победен (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Последните две привремени болници во епицентарот на коронавирусот, Вухан во вторникот се затворени. Тоа значИ затворање и на сите 16 привремени болници за заболени од коронавирус во тој град.

Во вторникот во 15.30 часот, вкупно 49 пациенти излегоа од привремените болници.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како лекарите го обележаа моментот кога ги симнуваат заштитните маски со широка насмевка на лицата.

Дел од нив мавтаа на кај камерата, а снимката го обиколи целиот свет и доби бројни позитивни коментари.

Инаку, во привремените болници во Вухан лекарска помош добија околу 12.000 луѓе.

останати вести