Од деветтте пациенти на Инфективната клиника, шестмина се во стабилна сосотојба, но кај кај тројца има лесно влоушање. Кај нив има отежнато дишење, но засега нема потреба од приклучување на апарати за дишење. Сите тројца се на возраст над 60 возраст.- информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Министерот информира дека утринава е тестиран човек што допатувал од Германија. Од него е земен материјал и се очекуваат резултатите од тестирањето.
Од овој момент Филипче објави дека се воведува забрана за сите јавни собири, забрана за работа на кино салите, театарски претстави, концерти, теретани… Исто така тој соопшти дека кафулињата треба да работат со скратено работно време.
“Предлагаме до Владата нови мерки – забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, кафетериите и рестораните до 18 часот, и тоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Сите киносали, театри, обложувачници и казина да затворат. Сите хронични пациенти за интервенција да се одложат освен итните.“
Филипче кажа и дека е назначена нова директорка на Клиниката на Дерматологија, а сите што биле во контакт со претходната се тестирани.