“ Ризични групи не се децата, но тие можат да го пренесат вирусот кај постарите. Ризична група се постарите од 70 години, и според последните информации, смртноста не е толку голема колку што претходно се зборуваше. Најмногу тестираа Кореанците и утврдија смртност од 0,9 отсто – изјави српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ на денешната прес конференција.
Тој рече дека бабите и децата не траба да ги чуваат децата ако имаат настинка,бидејќи постарите од 70 години се најзагрозени од коронавирусот.
Претходно докторот изјави дека многу луѓе не знаат дека имаат коронавирус, само го пренесуваат.
“Многу луѓе не знаат дека имаат коронавирус, само го пренесуваат. Тоа е потполно очекувано, ние за тој вирус знаеме дека е ист како грипот и дека може да биде опасен за постарите луѓе со хронични заболувања. Во Италија просечната старост на заболените е 81 година и приближно сите имаат хронична болест, на пример рак, изјави српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ.
Тој нагласува дека пушачите треба да намалат со цигарите бидејќи спаѓаат во ризична група.
„Повеќето нема ни да забележат дека се болни, но тие се опасни за постарите и болните“, истакна српскиот пулмолог и ја споменал докторката од нашата држава која се врати од скијање и зарази многу пациенти.