На Инфективната клиника во моментов за коронавирус се тестираат 12 пациенти, изјави попладнево на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Според Филипче двајца од нив се наши граѓани кои дошле пред 5-6 дена од Италија и утрово имале симптоми на грип.
Осум лица се од Дебар и се соседи на тројцата пациенти кои веќе се лекуваат на Инфективната клиника. Тие жевееле во куќа лепенка на онаа на заболените и имале блиски контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.
-Засега, на Инфективна се уште се седумтемина пациенти, кои се со лесна клиничка слика, нема потреба од механичка вентиилација кај никој од нив. Првата заболена пацинетка е негативна на контролниот тест и се очекува да биде пуштена во наредните неколку дена.
Тестови во овој момент има доволно, рече Филипче, но ќе се набават дополнително нови. Капацитетот на Инфективната клиника е сосема доволен, рече министерот, направени се планови и кои катови ќе бидат изолирани, доколку се појават повеќе случаи.