Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес конференција ја извести јавноста дека една од трите галии во Вардар ќе биде отстранета од Вардар.
– Започната е постапка за отстранување на првата галија од Вардар. Водевме сериозна постапка за отстранување на галијата без да има финансиска импликација за Градот. Сопственикот има рок од 30 дена да ја отстрани сам, или Градот тоа ќе го направи на негов трошок, рече градоначалникот Шилегов.
Градоначалникот Шилегов истакна дека безбедноста на граѓаните е на прво место, бидејќи имало сериозна опасност да ја загрози безбедноста на граѓаните, да се случи поплава.
– Ова објект е втор што се отстранува, по споменикот на Ќосето се надевам дека и во иднина ќе се создадат услови за отстранување на други објекти, рече Шилегов.
Шилегов појасни дека Анексот со сопственикот на галијата бил потпишан во 2016 година, а во 2018 година добил известување дека може да почне со работа.