Директорката на Кожно се вратила од Италија и пет дена одела на работа со коронавирус

by Тони Зографски

Директорката на скопската Клиника за кожни болести  е позиитивна на коронавирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција

Таа била во Италија пред недела една и како што кажа министерот пет дена одела редовно на работа откако се вратила, со што не ги почитувала препораките на надлежните.

 “ Таа моментно се сместува на Инфективната клиника. Нејзината состојба е стабилна има лесна клиничка форма, кажа министерот Филипче и додаде дека можно е одделот на клиниката за кожни болести да биде целосно затворен.

Инаку, состојбата на првата заболена е целосно стабилизирана и во текот на денот ќе се знае дали ќе биде испуштена од Инфектиивната клиника.

 

останати вести