Голема драма, која за среќа не се претворила во трагедија, се случила синоќа во скопската населба Ново Лисиче. Имено, околу 21 часот и 30 минути имало нов вооружен грабеж на аптека во Скопје.
Грабежот се случил на улицата Февруарски Поход во аптека кога вооружен маж, пред да заврши смената со пиштол извршил разбојништво врз вработените и им ги одзел парите.
Очевидец раскажува дека сцената била страшна. Вооружениот грабеж се случил веднаш до маалско кафуле и обложувалница, објекти кои биле полни со луѓе во тој момент.