Моника Белучи го истакна деколтето во тесниот корсет (ФОТО)

by Тони Зографски

Една од најубавите жени на светот, глумицата Моника Белучи блесна во елегантна црна комбинација на ревијата “Christian Louboutina”  на модната недела во Париз. Филмската ѕвезда не ја симнувала насмевката, а сите гледале во нејзиното деколте.

Моника доминирала во црна комбинаци со црн тесен корсет кој во преден план го истакнало нејзиното совршено деколте. Широките панталони и дале посебен печат на нејзиниот стајлинг, а црната торба се вклопила во модната комбинација.

Инаку, Моника Белучи од мај 2017 година е во врска со Николас Лефебвре (36) откако претходно беше во брак со францускиот глумев Винсент Касел.

 

останати вести