Холивудскиот Глумец Том Круз е заробен во хотел во Италија поради коронавирусот, пренесуваат светските медиуми. Том не смее да излезе од хотелот до 1. март, се додека продуцентите не решат што да прават понатаму со снимањето на седмото продолжение на “ Невоможна мисија“.
Актерот пристигна во Италија пред неколку дена, а сега „заглави“ во хотелот „Gritti Palace“, а снимањето на филмот се одложи се додека не се види расплетот на ситуацијата со коронавирусот. Ноќевањето во луксузниот хотел во Венеција каде што моментално е Круз, чини 640 евра.
Премиерата на филмот е најавена за 23 јули 2021, но поради застојот со снимањето можно е да доцни. Филмот „Mission: Impossible 7“ го продуцира Кристофер Мекваер (51), а покрај Том Круз настапуваат и Ребека Фергусон (36) и Хејли Атвел (37).