Среќни и задоволни играчи се нашите цели, кон кои постојано се стремиме. Списокот на играчи со такви карактеристики, Државна видеолотарија го збогатува со двајца нови добитници на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Насер Арифовски од Кратово и Валентин Ѓорѓиески од Охрид го освежија нашиот список среќни милионери, кои ја освоиле најпосакуваната добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ.
Насер Арифовски од Кратово со убава вест го започна славењето на својот јубилеен четириесетти роденден. Тој на 12.01.2020 во 20:15 во Бет ту Мар во Кратово, го слушна сигналот кој открива дека МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката веќе има нов сопственик. Насер освои 1.228.909,00 денари. Кога пристигна да си го подигне чекот на добитниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ износ, ни откри дека како редовен играч, некако ја претчувствувал возбудливата ситуација, на која и претходела и добивката МИНИ ЏЕК ПОТ. Во друштво на своето семејство, со нас сподели дека парите ќе ги потроши со нив и за нив, радувајќи се дека за јубилејниот роденден го добил најубавото изненадување.
Охриѓанецот Валентин Ѓорѓиевски, својот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ го освоил на 19.01.2020 во Глобалкод во Охрид во 19:45. По чекот на добитниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ износ вреден 1.389.997,00 денари, пристигна придружуван од своите пријатели. Радосен ни откри дека со парите од најпосакуваната добивка, посакува да започне сопствен бизнис.
Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 323 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 480.837.662,00денари. Покрај нив, освоени се и 61.427 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од
320.937.860,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.