Пред половина час пожар избувнал во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје.
Пожарот се случил внатре во самото училиште по што сите ученици веднаш биле евакуирани и извадени надвор од школскиот двор, пишува Курир.
Пожарот според очевидци не бил видлив однадвор и истиот бил изгасен од страна на пожарникарите.
Во овие моменти учениците се ослободени од настава и истата во текот на денот нема да се одржи.
На лице место има и две против пожарни возила.