867
МВР утрово ги соопшти деталите за несреќата во која почина легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур.
Несреќата се случила околу 23 часот на бул.„Србија“, во близина на крстосницата со ул.„Христо Татарчев“.
“Возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Г.(70) од Скопје, удрило во бетонска жардињера. Во незгодата на местото на настанот починал возачот, се вели во соопштението.
Како што соопшти денеска МВР, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
