Три ипол годишната Влера ја победи леукемијата, болеста со која се бореше долг период.
Влера од оваа тешка болест се лекуваше на Детската клиника во Скопје, и благодарение на нејзината голема воља и посветеноста на лекарите, болеста е веќе победена.
“Влера рече чао Леукемија ! Вака се скока од радост ! #detska klinika @detska klinika“, објави невладината организација САНО на својот Фејсбук профил.
Веста ја потврди и претседател на организацијата САНО Марија Тасев.