Анџелина Џоли пијана ѝ се јавила на нејзината колешка Џенифер Анистон за да ја предупреди дека Бред Пит ја изневерува, открива близок извор на двете глумици.
Според пишувањата на таблоидите, Џоли откако дознала за нивната наводна врска ѝ оставила порака на телефонската секретарка. Таа ја предупредила за однесувањето на нејзиниот поранешен партнер.
„Таа и рече дека Бред веќе ја изневерува и дека тој никогаш нема да се промени“, велат извори за американските медиуми,.
„Џенифер не поверува ниту една секунда. Ова не е нивно прво соочување и Џенифер размислува сега, колку е тажно што децата на Анџелина мораат да ја гледат својата мајка во такво издание“, заклучи изворот.
Инаку, ниту една од засегнатите страни досега не излегла да ја потврди или демантира оваа информација.