„Тој ме потстрижуваше, ме мачеше и ме тепаше. Ми рече дека полицијата ќе нè убие и двајцата. Ме тераше да пешачам пет или шест часа и ме потстрижуваше малку по малку. Ми правеше лоши работи. Постојано ми велеше дека полицајците нема да го уапсат само него, туку и мене“, сведочи 12-годишната Моника од околината на Ниш којашто девет дека помина во заложништво на осуден силувач, кој е во бегство.
„Ме мачеше секој ден. Ми кажуваше дека полицајците ќе нè убијат и двајцата ако нè фатат. Бев многу исплашена“, им раскажа на полицајците Моника Каримановиќ (12), која беше киднапирана на 20 декември од Нинослав Јовановиќ, познат како „малчански бербер“, пишува Новости.рс.
По девет дена ропство, девојката им кажала на полицајците за деталите за нејзиното киднапирање и открила дека Јовановиќ ја пресретнал на улица на патот кон училиште во Брзи Брод. Тој ја носел заедно со него во претходно подготвени селски куќи и напуштени викендички во селата меѓу Ниш и Књажевац.
„Додека одев на училиште, тој го запре автомобилот до мене и ми рече дека се изгубил, затоа што патот бил затворен за изградба извесно време. Тој ми рече дека добил работа во училиштето како домар. Ме замоли да влезам во автомобилот, да му покажам како да стигне до училиштето затоа што и тој оди натаму. Меѓутоа, штом влегов во автомобилот, тој ме возеше до гробиштата, а потоа ме однесе во шумата“, рекла Моника пред полицијата.
Монструмот потоа и ја поскратил малку косата, по што започнала страшната физичка и психичка тортура.
Јовановиќ десет дека ја плашел со полицијата, поради што Моника кога ги видела полициските службеници кои дошле да ја спасат, била многу исплашена. Таа во паника им викала „Не тепајте ме, ве молам … Јавете се кај мајка ми …“.
Стотици полицајци ја продолжуваат потрагата по киднаперот. Откриени се дури 12 локации на потегот од Књажевац до Ниш каде што педофилот криел храна и вода.
Александра Каримановиќ, мајка на Моника, рече дека нејзината ќерка се чувствува добро и спиела преку ноќ.