Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот ТНТ, утринава не се појави на судското рочиште, бидејќи, како што посочи неговиот адвокат, синоќа бил претепан и се наоѓа во болница.
Според неговиот бранител тој бил примен во Ургентен центар со хематом и повреди. Но судијата Огнен Ставрев и неговиот колега Осман Шабани провериле дали информацијата е точна. Според нив Трајковски бил во добра општа состојба и судијата нареди да го повикаат на судењете.
Ќе чекаат еден час , доколку не се појави Трајковски ќе биде приведен, најави судијата Ставрев.
Инаку, досега имаше неколку блокади на ова судење кое е пред изрекување пресуда. Во „ТНТ“ првообвинет е екс-премиерот, Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.