Македонската алпинистка Илина Арсова е пред нов подвиг. Имено, како дел од тричлена меѓународна експедиција, Илина ќе се обиде да го искачи највисокиот врв на Антарктикот, Винсон.
„Драги пријатели, наскоро кон новиот подвиг. Врвот Винсон на Антарктикот е и седмиот од предизвикот 7 врвови. Се радувам што ќе имам можност да ја претставувам нашата земја на една волку специфична експедиција, на најизолираното и најстудено место на светот. Багажот е веќе натоварен и сега чекаме погоден момент за полетување“, напиша Илина на својот Фејсбук профил.
Инаку, Илина Арсова е единствена.Македонка која успеала да се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест. Таа меѓудругите ги има освоено и највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва како и Килиманџаро во Африка.