Директорката на средното училиште ,,Никола Карев” им се заканува на учениците да не протестираат.
Во видео кое се појави на социјалните мрежи се слушаат нејзините закани.
“Мртва тишина! Тој што вика “ууу” уште еднаш нека викне, не ми смета. Може повторно и другите да викаат”, вели директорката и додава: “За секој случај, да ве информирам. Имам информации дека само “Никола Карев” протестира и нема настава. За последиците не ви гарантирам”, им се обраќа директорката на видеото на учениците.