Луксузната јахта, на поранешен сопруг на латино дивата Џенифер Лопез и на Miss Universe Дајанар Торес, поп ѕвездата Марк Ентони изгоре во пристаништето во Watson Island – Мајами во американсата сојузна држава Флорида. Пожарот на пловилото вредно 7 милиони долари го гаснеле 45 пожарникари, но штетата како што тврдат очевидците е непоправлива.
За среќа, во огнената стихија никој не страдал, а странските медиуми пишуваат дека сопственикот, 51-годишниот пејач Марк Ентони, во моментот на избувнување на пожарот бил бо Порторико каде што ги одржува своите концерти во состав на светската турнеја “Opus“.
Јахтата Andiamo, долга е 37 метри, а во нејзините 5 кабини може да прими 12 луѓе, а како што пренесуваат странските медиуми таа е целосно уништена.
Инаку, Марк Ентони на јахтата често организирал раскошни забави за познатите пријатели, а пожарот сè уште не го коментирал.
https://www.instagram.com/p/B6G4JNYlb_z/?utm_source=ig_web_button_share_sheet