Холивудската глумица Мерил Стрип долго време со насмевка ја криела својата тага која ја носи со себе и пред неколку години одлучила да проговори за страдањата кои ги преживеала.
Животот нималку не ѝ бил лесен. Два пати била нападната, а еднаш криминалците толку многу ја претепале што таа се преправала дека е мртва за да престанат.
„Еднаш бев нападната на улиците на Њујорк. Се преправав дека сум мртва за да престанат да ме тепаат. Беше тоа како да го гледам своето тело како паѓа од 20 метри висина“ – раскажала Мерил Стрип која по нападот во кој била на раб на смрт одвај закрепнала.
Меѓутоа, тоа не бил крајот на ужасните случувања. Некоја вечер била во друштво на некоја нејзина добра пријателка која на сите им е многу добро позната.
„Мене и на моја блиска личност не нападнаа и тепаа. Тогаш полудев и почнав да го удирам напаѓачот. Со мене беше Шер. Ги избркавме напаѓачите, а тоа беше големо чудо“ – раскажала Мерил.
Меѓутоа, можеби најубавата, а воедно и најтрагична приказна за љубовта на нејзиниот живот е со колегата Џон Казале во кој се заљубила пред четири децении. Џон од Мерил бил постар 14 години, а љубовта се родила од првиот момент кога се запознале во 1976-та година.
„Никогаш не сум запознала некој таков. Беше единствен, многу сочувствителен и љупобитен“ – рекла Мерил за Џон.
Иако многу се сакале, парот не можел да направи ништо кога Џон во 1977-та година се разболел.
Отишол на болница и му било дијагностицирано дека боледува од карцином на белите дробови.
Тоа било почеток на нејзината борба која траела до самиот крај – кога Џон починал.