СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ПО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КРИВИЧЕН: “Боже, Боже“

by Тони Зографски

Актерката Силвија Стојановска попладнево беше приведена во Кривичниот суд, во врска со заплена на огромна количина на дрога. Таа доби куќен притвор и заедно со уште едно лице,  се осомничени за трговија со дрога. Стојановска беше приведена на распит во рамки на истрата на ОЈО за организиран криминал и корупција.

Судијата на претходна постапка, Ненад Савески, доцна вечерва ѝ определи 30 дневен куќен притвор на актерката, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Веднаш по излегувањето од Кривичен актерката nовинарите ја прашуваа дали е точно дека е осомничена за трговија со дрога, а наместо одговор таа искоментира “Боже, боже”.

Актерката не даде одговор ниту на прашањето дали е уапсена на граница и дали знаела дека Обвинителството води истрага за неа.

 

останати вести